Уапсен синот на Жан Клод Ван Дам за напад со нож

Синот на холивудската ѕвезда Жан Клод Ван Дам – Николас Ван Варенберг беше приведен од полицијата во американскиот град Темпи, државата Аризона.

21-годишниот Николас му се е заканил со нож свој сосед и насила го задржал во станот.

Тој расипал и лифт во зградата, поради што жителите таму повикале полиција. По проверката Николас Ван Варенберг е уапсен.

При претресот на станот се пронајдени нож, марихуана, како и додатоци за употреба на дрога.

Против синот на Ван Дам се покренати обвиненија за напад со отежнувачки околности, незаконско лишување од слобода и чување на марихуана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here