Учесникот на Х-фактор ќе стане татко на 21 година: Начинот на кој ја соопшти веста во јавноста ќе ве остави без зборови

Алекса Перовиќ кој на сите нас ни е познат како учесник во Х-Фактор, но и победник на Ѕвездите на гранд ќе стане татко.

Имено Перовиќ заедно со својата девојка Милица Пајчин за неколку месеци ќе станат родители по прв пат.

Парот на интересен начин ја сподели веста со јавноста, откако во гостувањето во емисијата „Практична жена“ тие ја соопштиле веста, а водителката се збунила, но во исто време и воодушевила кога ја слушнала веста.

Парот инаку неодамна во медиумите изјавија дека тие имаат сериозни планови за во иднина и дека тие се гледаат заедно до крајот на животот.

Тие во моментов живеат во Нови Сад, откако Перовиќ се пресели кај Милица, а тој се очекува да стане татко на само 21 година.