Уникатна ревија на олдтајмери во општина Гази Баба – Галерија

Во рамките на одбележување на Денот на општина Гази Баба, на плоштадот во Автокоманда по четврти пат, се одржа ревија на олдтајмери. На настанот кој е во организација на Општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, учество земаа 35 сопственици со своите возила од Македонија и Србија.

Настанот го отвори градоначалникот Тони Трајковски и во своето обраќање апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на безбедноста, на сообраќајните правила и прописи.

Тој ги разгледа сите изложени автомобили , кои потоа возеа од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта .

По завршувањето на ревијалното возење сите учесници добија соодветни награди.