Утре без струја делови од пет скопски општини

loading...

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре од 08:20 и од 12:30 без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од  населеното  место Белимбегово, како и фирмите во околината на мотелот „Белви“, во општина Илинден.

Утре од 08:30 до 15:00 часот ќе нема струја за корисниците од дел од  ул. 20 во село Сарај, од 09:00 до 13:00 часот,  на ул. Народен Фронт зграда бр. 17 во општина Центар, а од  09:00 до 15:00 часот   дел од ул. Дебарца, исто така во општина Центар, од 10 до 13 часот дел од село Бардовци во општина Карпош, а од 12 до 14:30 часот, корисниците од ул. Иван Козаров во општина Кисела Вода.