Утре без вода дел од населбата Бутел

Без водоснабдување, утре од 8.30 до завршување на зафатот за реконструкција на водоводната мрежа,  ќе останат корисниците од неколку улици во општината Бутел.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, без вода ќе бидат корисниците од улиците: „Втора Македонска Бригада“, „Љуба Ивановиќ“, „Груица Војвода“, „Црвени Брегови“, „Рокомија“, „Мара Маждуречка“, „Ферид Бајрам“, „Алекса Дундиќ“, „Алпи“, „Крсте Асенов“, „Павле Илиќ“ и „Емин Дураку“.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ е добиено известување дека ќе се работи на реконструкција на водоводната мрежа со пречник 300 милиметри на улицата „Втора Македонска Бригада“ во населбата Бутел 2.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here