Утре без вода неколку улици во Кисела Вода

loading...

Жителите на неколку улици во Кисела Вода, ќе останат без вода утре од 9 часот.
„Поради замена на шибер од ф – 100 мм на ул. Виктор Иго бр.6, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од улиците: Виктор Иго, Емил Зола, Невена Георгиева-Дуња, Балзакова и Дренак“, информираат од ЈП Водовод и Канализација.