Утре започнува фестивалот за детска литература „Да читаш е кул“

Утре во Мала станица во Скопје започнува фестивалот за детска литература „Да читаш е кул“ на кој ќе се одржуваат работилници за деца со писатели, илустратори, психолози и антрополози. Настанот ќе трае до недела и е во организација на издавачката куќа Табернакул од Скопје.

Фестивалот е во рамки на проектот „Читатели од иднината“ што се реализира во партнерство со издавачката куќа Дитурија од Албанија и со агенцијата „Арчипелаго онлус“ од Италија, со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

На настанот ќе има и трибина со учесници поврзани со книгата и читањето од повеќе аспекти (преведувачи, уредници, издавачи, автори за деца) од трите земји партнери во проектот.

Во придружната програма на фестивалот ќе има поетски рецитали, читачки сесии, театарска претстава и изложба.