Утрово ограбена експозитура на Стопанска банка во скопски Аеродром, полицијата запрела БМВ и во него пронашла дрога – сопственикот им приредил драма

loading...

Непознат сторител со закана со пиштол изутринава во скопски Аеродром ограбил експозитура на Стопанска банка и одзел околу 320.000 денари.

Полицијата сооопшти дека во СВР-Скопје во 08:45 часот било пријавено дека на булевар „Јане Сандански“ во експозитура на Стопанска Банка непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел пари од околу 320.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Полицијата запрела БМВ и во него пронашла дрога – сопственикот им приредил драма

Сообраќајната полиција при рутински преглед пронашле наркотична дрога во возило марка БМВ, сопственикот на автомобилот почнал да се спротуставува на полицијата, по што веднаш бил приведен.

– На 12.02.2018 година околу 22:15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с.Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар. При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При прегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка. Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, стои во соопштението на полицијата.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.

Им барала до 400 евра – скопјанка лажно ветувала работа во Министерство за здравство

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.С. (36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела – “измама“, казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Е.С. во периодот од јуни до август минатата година, лажно повикувајќи се на лица на високи позиции во Министерството за здравство на Република Македонија, ги довела во заблуда оштетените – дека со нејзина помош за краток временски период ќе бидат вработени во Министерството за здравство, при што за услугите, во повеќе наврати, им побарала и примила вкупен паричен износ од околу 150.000 денари.

Пријавената ги извршувала делата на идентичен начин. Имено, на оштетените им ветувала дека ќе ги вработи во министерството како преведувач од англиски на македонски јазик, референт во министерството, потоа како медицинска сестра во Одделот за максилофасцијална хирургија или како акушерка, и во еден случај ветила работно место – лаборант во Одделението за трансфузиологија.

За услугите, пријавената од оштетените во повеќе наврати барала парични средства во висина од 12.000 до 24.000 денари со изговор дека парите и биле потребни за трошоци околу набавка на потребна документација за вработување, односно за систематски и психолошки прегледи. Е.С. средбите со оштетените ги закажувала во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“, а во два случаи им понудила дека ако сакаат да земаат поголема плата требало да доплатат дополнителни средства во износ од 12.000, односно 24.000 денари.

Откако ги дале парите, оштетените повеќе пати се обидувале да стапат во контакт со пријавената, но таа ги одбивала сите повици, по што сфатиле дека се измамени и случаите ги пријавиле во полициска станица.

Е.С. е повикана на разговор во полициска станица, каде што ги признала кривичните дела и го појаснила начинот на извршување, а по ова оштетените пријавиле во полициска станица дека парите им биле вратени во целост.