Вака изгледал Небојша Глоговац 9 дена пред смртта, соседите раскажуваат за последните средби со него – Фото

Српскиот актер Небојша Глоговац, кој почина од рак на 48 години, беше погребан во понеделникот. Тагата во Србија во великанот уште не стивнува.

Тој во вечното почивалиште беше испратен достоинствено, а покрај семејството и пријателите последна почит му оддадоа голем број од колегите и почитувачите на неговиот лик и дело.

Српските медиуми објавија фотографии на кои актерот е фотографиран на 31 јануари, само 9 дена пред неговата смрт.

Соседите кои го познавале за српските медиуми опишале како изгледал последен пат кога го виделе.

-Го видов пред зградата, а од медиумите дознав дека е болен. По него никогаш не би заклучила дека е во таква состојба, изјавила тогаш вработената во кафулето кое се наоѓа во близина на зградата каде живееше Глоговац.

-Во понеделник го сретнав, еден маж го донесе до влезот. Се држеше за стомакот и едвај се движеше. Помислив дека го совладал уморот или дека се напил. Денес слушнав дека се разболел, вели сосед на актерот.