ВАЖНО Е ДА ЗНАЕТЕ: Овие болести и се закануваат на вашата крвна група

loading...

Оние кои имаат нулта крвна група  малку потешко забременуваат, а крвна група АБ често страда од болести на срцето.

Ако знаете дали сте А, Б, АБ или О група, можете да дознаете многу за себе и на која болест сте склони како и како тие може да се спречат. Се разбира, нема специфична болест која се поврзува исклучиво со крваната група но добро е да се знае  која група носи одреден ризик.

 

 

Еве што треба да се запамети кога е во прашање крвата група и што да направите за да ги намалите шансите да се разболите:

Крвна група А – Рак на стомакот

Луѓето со оваа крвна група имаат  20 проценти поголема веројатност отколку луѓето со нулта крвна група на развој на рак на желудникот, дебелото црево, панкреас, црн дроб, или репродуктивните органи крв.

За да се спречи болеста, потребно е да се намали внесувањето на месо.

Крвна група Б – дијабетес тип 2

Ако припаѓате на крвна група Б, најголемиот ризик се заканува од добивање дијабетес тип 2, а 20 отсто повеќе отколку во другите групи, а жените имаат поголем ризик од добивање на рак на јајник.

За да се спречи болеста, потребно е намалување на внесот на масти и шеќер, и да се зголеми потрошувачката на овошје, зеленчук и протеини.

 

Крвна група АБ – Кардиоваскуларни проблеми

Во споредба со луѓето со нулта крвна група,вие имате 23 проценти поголема шанса за развој на срцев удар и појава на кардиоваскуларни болести. За да го намалите ризикот, треба да одвоите повеќе време за физичка активност. Ако не сте веќе ентузијаст за фитнес, тогаш пешачете 45 минути најмалку пет дена во неделата.

Крвна група 0 – Чувствително на стрес

Научниците тврдат дека луѓето со оваа крвна група е тешко да се справат со стресот, имаат проблеми со вишокот на киселина во желудникот, тироидната жлезда, а жените имаат помал број на плодни јајца, па малку потешко е да забремените. Тие исто така имаат помал ризик од згрутчување на крвта.

Ако планирате бременост, обидете се да го следите здравиот начин на живот и да се јаде храна која придонесува за зголемување на плодноста, како што се ореви, зеленчук, семки од тиква, маслиново масло, пченичен леб и животински протеини.

Во Јапонија скоро цел век се верува дека течноста која тече во нашите вени и која сме ја наследиле од нашите родители открива многу за нас. Станува збор за навистина сериозна работа, имено луѓето од истокот веруваат дека со анализата на крвните групи може да се направи нечиј психолошки профил.

Наместо прашањето „кој е вашиот хороскопски знак?“ Во Јапонија при аплицирање за работа или запознавање на партнер, па дури и при нарачување на храна во ресторан во Јапонија вообичаено е да слушнете „која крвна група сте“

Скоро 95% од Јапонците го знаат одговорот на ова прашање. Понекогаш дури и децата во школо се распоредуваат во одделенија според крвната група, а некои компании ги оргранизираат работните тимови по тој принцип, за во канцелариите да владее хармонија. Многу списанија, весници и ТВ емисии објавуваат дневен „крвен хороскоп“

Изгледа дека кариерата, здравјето, бракот, судбината и среќата течат низ нашите вени. Се е запишано во крвта. На ова верување профитираат и некои индустрии, кои прават производи наменети на различните крвни групи. Во Јапонија постои сол, пица, мастики па дури и кондоми според крвната група.

Сепак оваа сериозна забава се заснова пред се на теоријата дека крвната група влијае на нашето изразување на емоциите и на нашиот однос со околината. Еве со кои крвни групи совршено се согласуваме, а со кои ни е судено брзо разидување, ова се однесува на жените.

Нулта позитивна

Добро се согласувате со мажи со крвна група нулта и А позитивна, а во одредени случаи и со нулта позитив. Жените од оваа крвна група се друштвени, добри, можат да бидат одлични домаќинки се додека има пари. Но кога ќе снема пари не можат да се носат со проблемите. Знаат да бидат многу арогантни, посесивни и љубоморни, па дури и да го проверуваат партнерот.

А позитивна

 

Ќе бидете среќни со партнер со крвна група А позитивна или негативна, но често паѓате во замка на партнери со крвна група АБ. За жените со крвна група А позитивна најдобар избор се мажите А и АБ позитивна, под услов да има хемија. Овие жени не се особено романтични но го почитуваат партнерот и кога ќе стапат во брак одлични се во исполнувањето на намерата да имаат хармоничен брак. Креативни се и сензибилни, но и горди и тврдоглави, па тешко излегуваат на крај со стресните ситуации.

Б Позитивна

Барате човек со силен карактер, а си одговарате со 0 и Б позитивна. Овие жени може да бидат многу чувствителни. Б позитивна жена мора да биде позитивна за да биде задоволна со себе и овие жени бараат партнер со кого ќе се чувствуваат позитивно. Овие жени постојано имаат потреба од внимание, презафатени се и затоа често се одлучуваат да стапат во брак доцна.

АБ позитивна

На овие жени им е важно да се забавуваат и затоа бегаат од пресериозни врски. Добар избор за нив е маж со крвна група АБ, но добро се согласуваат и со мажи со крвна група А, Б или нулта позитивна. Овие жени се многу талентирани, но прават грешки пуштајќи во својот живот мажи кои им се допаднале на прв поглед, но не ги забележале нивните негативни особини. Ако во вашите вени тече крв АБ позитивна тоа значи дека сакате мажите да ве доживуваат како мистериозна личност. Сакате авантуристи.

Нулта негативна

Жените со крвна група нулта негативна ги излудуваат мажите повеќе од жените со било која крвна група, бидејќи тие ништо не задржуваат за себе ниту среќата ниту фрустрациите. Најдобро се согласуваат со маж со крвна група нулта негативна.

А негативна

Најдобро се согласуваат со маж со иста крва група, но добро им оди и со оние кои имаат крвна група АБ негативна. Во игра е и маж со нулта негативна иако го доживуваат како наметлив. Жените со крвна група А негативна бараат некој кој ќе ги „сфати“ и нема да ги оптеретува кога ќе посакаат да талкаат во некој свој свет, а мажот со крвна група А негативна е токму таков.

Б негативна

Совршено на овие жени им одговара маж со иста крвна група, но и мажите со АБ негативна крвна група можат да им помогнат црврсто да стојат на земја, а да не го доживеат тоа како наредба.

АБ негативна

Овие жени се толерантни кон секој кој им го олеснува животот, дури и кога не се согласувате нешто особено со нив. На овие жени им одговараат мажи со крвна група А, АБ или Б. Но и Б негативна е личност вредна да се обидете.