Видео кое стана хит на интернет: Хилари полета по скалите, телохранителите едвај ја задржаа

loading...

Поранешната американска прва дама, државна секретарки и демократска кандидатка на претседателските избори, Хилари Клинтон (70), овие денови се наоѓа во Индија каде ја промовира новата книга „Што се случи“. Меѓутоа, за малку ќе се повтореше сценариото од Лондон каде пред 5 месеци скрши прст од ногата.

Овој пат Клинтон слегувајќи низ скали во Индија, два пати се лизна, но ја задржаа телохранителите кои од двете страни цврсто ја држеа за раце.

Снимката од незгодата, секако на интернет стана вистински хит. Хилари после второто подлизнување одлучи за секој случај да ги соблече сандалите и да продолжи боса.