Викендов Водно ќе биде блокирано – автомобилистите на протест

Продолжува незадоволството од работењето на челните лица на Автомобилската федерација на Македонија, па Здружението на автомобилисти и авто клубови на нашата земја одлучи да организира протест кој ќе се одржи на Водно и ќе биде организиран овој викенд.

Оваа информација ја потврди и самото здружение кое испрати соопштение до јавноста , но и до надлежните органи со што го најави овој мирен протест.

„Поради незадоволство на мнозинството македонски авто клубови и љубители на авто спортот во Македонија од моменталното раководство на Автомобилистичката федерација ма Македонија, своето уставно граѓанско право, а согласно законите на РМ, ќе го искажеме својот ревот преку миран граѓански собир:

-на ден 19.08.2017 (сабота) во времетраење од 11.00 до 13.00 и
-на ден 20.08.2017 (недела) во времетраење од 11.00 до 13.00 часот
со блокирање на сообраќајот на главната улица пред паркингот на видиковец на Водно.

Сето ова го правиме со цел промена на комплетното раководство на АФМ, кое седма година по ред тотално го уништи авто спортот во Македонија, со цел како би можело повторно во Македонија да се одржуваат шампионатот во автомобилизам на кружни и ридски патеки.

На собирот очекуваме околу 100 возила и 300 граѓани поддржувачи на авто спортот, а истиот ќе биде обезбеден од наша страна, пишува во соопштението здружението на авто клубовите и возачите“ се вели во соопштението на Здружението на автомобилисти и авто клубови на нашата земја .

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here