Вирус полош од свинскиот грип: Оваа зима од него починале 93 лица

loading...

Од последици на грип во Велика Британија оваа зима починале 93 лица, од кои 83 во Англија и 8 во Шкотска.

Според статистичките податоци на секои 100.000 пациенти во Шкотска кај 107,3 се регистрирани симптоми слични на грип.

Исто така 1938 лица се префрлени во болницата од октомври, четвртина поради „австралиски грип“, а половина поради „јапонски грип“.

Експертите стравуваат дека австралискиот грип е полош од епидемијата на свинскиот грип која во 2009 година ширум светот однесе повеќе од 300.000 животи.

Повеќе за свинскиот грип:

Грипот А Х1Н1 (lat. A H1N1), познат уште и како свински грип, е заболување на дишните патишта, предизвикано од вирус на инфлуенцата од тип А. Болеста е наречена свински грип затоа што вирусот кој ја предизвикува, кај првите заболени се пренел од свињи.

Вирусите на свински грип, кои се шират помеѓу свињите, не се исти како вирусите кои се појавуваат кај луѓето. Обичниот свински грип исклучително ретко се пренесува на луѓето и тоа само кај луѓе кои имаат постојан директен контакт со свињи (ветеринари, сопственици на фарми).

Грипот А Х1Н1, кој сега се распространува помеѓу луѓето, е многу поразличен од обичниот свински грип. Тој е предизвикан од нов вирус на свински грип, кој се променил до таква степен, што сега му овозможува да се шири од човек на човек.

Новиот вирус, кој веќе е реална закана за нас, содржи генетски материјал од свински, птичји и човечки вируси на грип.

Уште по појавата, грипот А Х1Н1 започна да се шири брзо и лесно меѓу луѓето. На 11 јуни 2009г., Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Во моментов бројот на заболените во Македонија драстично се зголемува (над 300 заболени и еден смртен случај), а два наши соседи (Бугарија, Србија) веќе прогласија епидемија. Затоа е особено важно да знаете како да се заштитите од првата пандемија на 21-от век.

СИМПТОМИ
Симптомите на грипот А Х1Н1 се слични со симптомите на сезонскиот грип. Тие вклучуваат:

Висока температура;
Морници од студ;
Главоболка;
Кашлање (сува кашлица);
Суво грло;
Затнат нос;
Болки во мускулите;
Замор.
Кај некои заболени се јавува и вртоглавица и повраќање.

Речиси кај секој болен од грип се јавуваат најмалку два од овие симптоми. Но, овие симптоми може да бидат знак за многу други болести, особено за сезонскиот грип. Ниту вие, ниту вашиот доктор не можете да бидете сигурни дали имате свински грип или не, само врз основа на симптомите.

Единствено лабораториски тест може дефинитивно да покаже дали имате свински грип А Х1Н1.

Многу се чести случаите на заболени од грипот А Х1Н1 кои сметаат дека имаат сезонски грип, па не посетуваат доктор. Ако пред појавата на горенаведените симптоми сте биле потполно здрави, најверојатно нема потреба за паника, но за секој случај треба да се јавите на преглед кај вашиот матичен лекар.

Поради тоа што симптомите на свински грип се исти со симптомите на сезонскиот грип и слични со симптомите на настинката, луѓето тешко можат да препознаат кога треба да се сомневаат во појавата на новиот грип А Х1Н1. Во следната табела можете да се ориентирате за честотата и интензитетот на симптомите кај настинка, сезонски грип и свински грип и со тоа полесно да одредите како да реагирате.

Повеќе за грипот:

Грипот (или инфлуенца) е заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми кои што се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се предизвикува од друг тип на вирус.[1] Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање,[2] но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .

Микроскопски преглед на вируси кои предизвикуваат грип
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли кои што го содржат вирусот. Исто така грипот може да се пренесе и преку директен контакт со птичји измет или со назалните секрети, или во контакт со загадени површини. Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции, а фактот дека се главна причина за пренесувањето се уште не е докажан.[4] Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти.[5][6] Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете.

Вируси кои веќе развиле грип
Грипот се шири насекаде низ светот во сезонски епидемии од кои секоја година околу 500.000 луѓе го губат својот живот. Кога годината е пандемична, бројката го надминува и милионот. Од 1979 година до 2001 година во САД просечно околу 41.400 луѓе починаа од грип. Во 2010 год, од Центарот за контролирање на болести во САД го сменија извештајот за триесетгодишната проценка на смртната стапка. Сега годишно се регистрирани помалку смртни случаи, од 3.300 па се до 49.000.[7] Во XX век се појавија три пандемии на грип и однесоа 10 милиони човечки животи. Тие беа предизвикани со појавата на нов вид на вирус кај луѓето. Најчесто, овие нови видови се појавуваат кога веќе постојниот вирус на грипот се пренесува од некои други видови животни на луѓето, или пак кога постојниот вид на вирус кај човекот собира нови гени од вирусот што најчесто ги напаѓа птиците или свињите.Откако во Азија во деведесетите години се појави птичјиот вирус H5N1, тој предизвика голема загриженост од нова пандемија на грип, меѓутоа не се разви во форма која лесно се распространува меѓу луѓето. Во април, 2009 година, се разви нов вирус на грип со комбинирани гени од човек, свиња и од птичји грип, кој најпрво беше наречен ‘’ свински грип” или грип А/ H1N1. Се појави во САД – Мексико и во некои други земји.На 11 јуни 2009 година, Светската Здравствена Организација официјално прогласи дека избувнувањето на вирусот е пандемично. Изјавата на СЗО “пандемично ниво” 6 беше показател за распространетост, меѓутоа изјавата беше несериозна бидејќи овој вид на вирус всушност има помала смртна стапка отколку сезонскиот. Вакцинирањата против грип најчесто им се достапни на луѓето од развиените земји. Живината најчесто се вакцинира за да се избегне целосно уништување. Најпознатата вакцина наменета за луѓето е тривалентната вакцина против грип “ TIV “ која содржи чисти и неактивни антитела против трите вирусни видови. Обично оваа вакцина содржи дел од двата А подтипови на грип и од Б типот. Со“TIV” нема ризик од пренесување на болеста и постои мала веројатност за повторување. Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.

 

Градба на вирусот кој предизвикува грип. Хемаглутининот(HA) и невраминидазата (NA) се белковини кои се прикажани на површината од честичката. Вирусните РНК кои го формираат геномот се прикажани како црвени спирали во внатрешноста на честичката и се закачени за рибонуклеинските белковини (РНБ)

Според класификацијата на вируси, вирусите на грипот спаѓаат во групата на РНК вируси кои воедно се и трите од можните пет видови во фамилијата вируси на грипот :

грип- вирус А
грип- вирус В
грип- вирус С
Овие вируси речиси и немаат никаква врска со човечките вируси на парагрип и се рибонуклеински вируси што припаѓаат на парамиксовирусната група . Најчесто кај децата предизвикуваат воспаленија на респираторниот тракт како што е воспаление на грлото, но и кај возрасните можат да предизвикаат болест која е слична на грипот.

Грип – вирус А
Во оваа група има еден вид а тоа е грипот предизвикан од вирусот А. Дивите водни птици се природни носители на различни видови на грипот А. Многу ретко вирусите се пренесуваат на други видови и тогаш можат да предизвикаат катастрофален размер кај домашната живина или пак да предизвикаат подем на човечките пандемии од грип. Од трите типови на грип вирусите од типот А се најопасни човечки патогени и предизвикуваат многу сериозни болести. Вирусот А може да се подели на различни серотипови кои што се темелат на антителата создадени од овие вируси. Ова се следниве серотипови кои што се појавиле кај луѓето и се подредени по бројот на пандемични смртни случаи :

H1N1, кој во 1918 год. го предизвика шпанскиот грип и во 2009 год. свинскиот грип ;
H2N2, кој во 1956 год. го предизвика азискиот грип ;
H3N2, кој во 1968 год. го предизвика грипот во Хонг Конг ;
H5N1, кој во 2004 год. го предизвика птичјиот грип ;
H7N7, кој има чудно животинско потекло
H1N2, кој е ендемичен кај луѓето, свињите и птиците
H9N2
H7N2
H7N3
H10N7
Грип – вирус В
Во оваа група постои еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот В. Грипот В ги напаѓа речиси само луѓето и е помалку застапен од грипот А .Фоките и ласиците се единствените животни кои се подлежни на инфекција од грипот В.

Номенклатура на вирус кој предизвикува грип
Овој тип на грип мутира 2-3 пати побавно отколку А типот и според тоа тој има помала генетичка разновидност, со само еден серотип на грипот В . Како последица од недоволната антигена разновидност, најчесто уште на рана возраст се стекнува имунитет на грипот В. Сепак, грипот В мутира до таму што не е можен долготраен имунитет. Ова ја намалува стапката на антигена промена и заедно со својот мал и ограничен размер (спречувајќи ја антигената промена кај видовите),грипот предизвикан од вирусот В создава спречување на пандемиите од грипот В.

Грип – вирус С
Во оваа група има еден вид на вирус, грип предизвикан од вирусот С, кој ги напаѓа луѓето, кучињата и свињите. Понекогаш предизвикува сериозни болести и локални епидемии. Меѓутоа грипот кој што е предизвикан од вирусот С е поредок отколку другите типови на вируси и обично предизвикува лесни настинки кај децата.

Номенклатура на подтиповите, состав и својства
Вирусите А, В и С кои предизвикуваат грип имаат многу сличен состав. Честичките од вирусот во дијаметар се околу 120 нанометри и најчесто се речиси топчести, иако понекогаш може да се појават и во долгнавести форми. Овие долгнавести форми се најзастапени кај грипот предизвикан од вирусот С и тие можат да оформат поврзани структури од најмалку 500 микрометри кај областите со заразени клетки. Сепак, и покрај тоа што овие форми се различни, вирусните честички од сите вируси кои предизвикуваат грип се слични по составот. Тие се направени од вирусна обвивка што содржи два главни типови на гликобелковини, кои го обвиткуваат централното јадро. Централното јадро содржи вирусни геноми на РНК и други вирусни белковини кои ја образуваат и ја штитат оваа РНК. Низата на РНК скоро секогаш останува единечна, но постојат и исклучоци кога кај некои случаи е двојна. Најчесто кога се работи за вирус, неговиот геном не претставува само еден дел од нуклеинската киселина туку содржи седум или осум делови од негативно сегментираната низа на РНК . Секој дел од РНК содржи еден или два гена. На пр. грипот предизвикан од вирусот А содржи 11 гени кои се распоредени на 8 места кај РНК и се шифрирани преку 11 белковини: хемаглутинин ( HA), “ neuraminidase” (NA), белковина на НК (NP), M1, M2, NS1, NS2 (НИП : изнесување на нуклеинските белковини), PA, PB1 ( полимеризирана основа 1), PB1 -F2 и PB2.

HA и NA се двата големи надворешни гликобелковини на вирусните честички. HA е лектин кој што непосредно влијае во спојувањето на вирусот со целните клетки и пробивањето на вирусниот геном во тие клетки, додека пак NA e вклучен во ослободувањето на вирусните потомци од заразените клетки со прилепување на шеќерите кои ги врзуваат развиените вирусни честички. Оттука, овие белковини се мета на антибиотиците (лекови против вирусот). Покрај тоа постојат антигени од кои можат да настанат и антитела. Вирусите на грипот од групата А, врз основа на реакцијата на антителата од HA и NA се делат на неколку подтипови. Различните типови на HA и NA ја создаваат основната разлика помеѓу вирусите H и N, на пр. H5N1 . познати се само 16 подтипови вируси на H и 9 подтипови на N, од кои само H1, H2, H3 и N1 и N2 се пронајдени кај човекот.

Размножување
Вирусите можат да се размножуваат само во живите клетки. Заразувањето со грип и размножувањето на грипот е процес во неколку фази : Прво, вирусот мора да се прилепи за да влезе во клетката, а потоа го испорачува својот геном на местото каде што тој може да создава нови копии од вирусните белковини и од РНК. Вирусот ги соединиува овие составни делови во нови вирусни честици и на крај излегува од клетката носител. Вирусите на грипот го спојуваат хемаглутининот со шеќерите од сијаличната киселина на површините на епителните клетки, најчесто во носот, грлото и белите дробови на цицачите и во цревата на птиците. Откако хемаглутининот се прилепува со помош на протеинозата, клетката го внесува вирусот преку ендоцитозата.

Штом вирусот ќе навлезе во клетката, киселинските услови во ендозомот предизвикуваат две работи. Прво, дел од хемаглутининските белковини ја соединуваат вирусната обивка со ципата на вакуолата . Тогаш јонскиот канал М2 им дозволува на протоните да се движат низ вирусната обвивка и да го претворат јадрото на вирусот во киселина, што предизвикува пробивање на јадрото и ослободување на вирусна РНК и јадрени белковини. И откако ќе се случи тоа, молекулите на вирусната РНК, другите белковини и РдРБ се ослободуваат во цитоплазмата. Јонскиот канал М2 се блокира со помош на лековите за спречување на грипот – амантадин .

Напаѓање на клетката домаќин и размножување на вируси кои предизвикуваат грип
Овие јадрени белковини и ВРНК создаваат сплет кој што се транспортира во клеточното јадро, каде РдРП почнува да го транскрибира позитивниот комплемент на кодирачката секвенца на ВРНК . ВРНК или е изнесена и е преведена во цитоплазмата или останува во јадрото. Повторно синтетизираните вирусни белковини или се излачуваат во Гоџиевиот систем на клеточната обвивка или се транспортираат назад во јадрото, се спојуваат со ВРНК и создаваат нови вирусни честици на геномите. Другите вирусни белковини имаат многубројни движења во клетката домаќин, вклучувајќи ја и деградираната клеточна ИРНК (информациона РНК) и користејќи ги испуштените нуклеотиди од синтезата за ВРНК, како и забранувајќи ја транслацијата на клетката-носител во ИРНК. Негативниот комплемент на кодирачката секвенца од ВРНК кој што ги создава геномите за наредните вируси, РдРП и други вирусни белковини, здружени заедно создавааат вирус.

Молекулите на хемаглутининот и невроминидазата се групираат во надуени “ мешиња” во клеточната мембрана. ВРНК и вирусните јадрени белковини го напуштаат јадрото и влегуваат во ова мембранско набабрување. Зрелите вируси се отќинуваат од клетката во сферата на домаќинот – фосфолипидната мембрана, здобивајќи се со хемаглутинин и невроминидаза од оваа мембранска обвивка. Како и порано, вирусите со помош на хемаглутининот се прилепуваат на клетката. Зрелите вируси се одделуваат кога нивната невроминидаза го одделува остатокот од сијаличната киселина од клетката-носител. Лекот што ја спречува невроминидазата, оселтамивир, попознат како „тамифлу“, оттука го спречува и ослободувањето на нови зарази и го запира размножувањето на вирусите. По ослободувањето на нови вируси на грипот, клетката–домаќин умира.

Индикации и симптоми
Најчести симптоми на грипот се кашлање и висока температура. Тие започнуваат наеднаш, ден-два по заразувањето. Обично првите симптоми се чуство на студ и тресење, но во раната фаза од заразувањето се јавува и висока температура од 38- 39 ° С ( околу 100- 103 °F). Многу луѓе се толку болни што неколку дена неможат да станат од кревет, чуствуваат болки низ целото тело, а највеќе во грбот и нозете. Ова се следните симптоми кои што можат да се јават од грипот : • Висока температура – грозница и неиздржлив студ ( тресење од студ, морници, вкочанетост) ; • Кашлање ; • Назална блокада ;

• Болки низ целото тело, највеќе во зглобовите и во грлото ;

Најчести симптоми на грипот
• Замор ; • Главоболки ; • Иритирани, насолзени очи ; • Вцрвенети очи ,вцрвенета кожа (посебно лицето), вцрвенети: уста, грло и нос; • Кај децата се јавуваат стомачни симптоми како што се пролив и стомачни болки кои можат да бидат многу посериозни кај децата кои што се болни од грип В . Можеби е тешко да се направи разлика помеѓу обичната настинка и грипот додека се во рана фаза, но грипот се препознава по висока температура, која по премногу замор наеднаш се покачува .Во неколку случаи на птичји грип (кај човекот) се јавил симптомот на пролив, но кога се работи за обичен грип, симптомот се јавува само кај децата. Ако антибиотиците се земаат порано тие ефикасно делуваат против грипот, што е и главна причина за порано откривање на болеста. Од горенаведените симптоми, високата температура во комбинација со кашлање, воспалено грло и назална блокада можe да се утврди точна дијагноза. Две истражувања од своите сигурни анализи претпоставуваат дека при локална пандемија од грип, распространетоста ќе биде повеќе од 70 %, па оттука пациентите со која било комбинација од гореспоменатите симптоми може да се лекуваат со невроминидазни лекови, без да бидат прегледани. Дури и кога нема локална пандемија ако во сезона на грип распространетоста е над 15 %, лекувањето може да биде одобрено за возрасните . Достапните лабараториски испитувања постојано го докажуваат своето подобрување . Центарот за контрола и спречување на болести во САД го одржува и го обновува резимето на достапните лабараториски испитувања. Според него, испитувањата за брзи дијагнози во споредба со вирусните бактерии ( за вакцини) имаат деликатност од 70 – 75% и прецизност од 90- 95%. Овие испитувања можат да бидат корисни особено во сезона на грипот (распространетост од 25 % ), но кога нема локална пандемија од грип, или во пред -сезона на грипот има распространетост од 10%.

Вакцинирање
Вакцинирањето против грип со одредена вакцина често се препорачува за високо ризичните групи како што се децата и повозрасните, или пак за луѓето кои страдаат од астма, за дијабетичари, за луѓе кои страдаат од срцеви болести или за оние кои што имаат слаб имунитет. Вакцините против грип се создаваат на неколку начини . Најпознат начин е вирусот да се развие во оплодени јајца од кокошка. По чистењето вирусот не е активен ( на пр. чистење со детергент ) и од него може да се добие вакцина која ќе го уништи вирусот т.е. ќе го направи неактивен. Друг начин е кога, вирусот може да се развива во јајцата се додека не ја изгуби својата опасност и како таков може да се прими како вакцина. Но не секогаш овие вакцини против грипот се ефикасни.

Вакцинирање
Поради големата мутација на вирусите, самата вакцина против грип не заштитува повеќе од една година . Секоја година СЗО прогнозира кои видови вируси ќе нападнат наредната година, овозможувајќи им на фармацевтските компании да произведат вакцини кои ќе го направат најдобриот имунитет против тие вируси. Исто така вакцините се произведуваат за да ја заштитат живината од птичјиот грип. Овие вакцини можат да бидат ефикасни против многу видови вируси и се употребуваат како превентивна стратегија или се комбинираат со убивање на животните за да се искорени епидемијата. Можно е и покрај тоа што сте вакцинирани сепак да се заразите од грип. Вакцината се обновува во секоја сезона за неколку специфични вируси на грипот, но неможе да ги опфати сите сезонски вируси од кои заболуваат луѓето насекаде низ светот. Потребни се околу шест месеци за произведувачите да ја создадат и да ја произведат милионската доза која е потребна за справување со сезонските епидемии. Понекогаш незабележителниот и новиот вирус од кој заболуваат луѓето кои биле претходно вакцинирани, прераснува во најопасен ( како во сезоната на грип од поттипот H3N2 која се случи помеѓу 2003 и 2004 година) . Исто така можно е и да се заразите токму пред самото вакцинирање и да се разболите од токму тој вирус кој вакцината требала да го спречи, а потребни се две недели за таа да почне да делува.

Прва беше сезоната помеѓу 2006 и 2007 год кога ЦКБ ( “CDC – Centers for Disease Control and Prevention” ) предупреди дека децата кои имаат не повеќе од 59 месеци ќе се вакцинираат еднаш годишно со вакцината против грип. Ако телото било претходно заболено,вакцините може да предизвикаат реакција кај имунолошкиот систем и се јавуваат симптоми кои се најчести при заболувањето ( настинката и симптомите на грипот се само најпознатите симптоми кои се јавуваат при заболувањето) . Но обично овие симптоми не се толку сериозни и не траат толку долго како самиот грип. Најопасниот несакан ефект е сериозна алергиска реакција на вакцината или на остатоците од јајцето од кокошка во кое бил создаден грипот. Сепак, овие несакани дејства се многу ретки.

Освен вакцината против сезонскиот грип, научниците се обидуваат да создадат и вакцина против претстојните пандемии од грип.Со брзиот равој ,со производството и со дистрибуцијата на вакцините против пандемскиот грип, многу животи можат да бидат спасени. Бидејќи нема доволно време да се открие пандемскиот грип и потребата за вакцинација, научниците не го земаат предвид вакцинирањето во кое вирусот беше создаден во јајце од кокошка, туку создаваат вакцини на поинаков начин. Застарената “ јајце” техника и ново-создадените техники со белковини и вирусни честички можат да постигнат подобар транспорт и достапност . Со тоа се зголемува пристапот на луѓето од понеразвиените земји, каде е многу веројатно дека владеат пандемии од грип. Во јули, 2009 година, повеќе од седумдесет познати медицински истражувања произведоа или сеуште произведуваат вакцини против пандемскиот грип. Во септември, 2009 година, американското Биро за храна и лекови одобри четири вакцини против грипот H1N1 и од следниот месец се очекува да бидат достапни првите вакцини .