Владата одобри намалување на цените на роамингот меѓу Македонија и Бугарија

Владата на Република Македонија одобрила проект на меморандум за разбирање помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Документот ќе биде потпишан на седницата на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Струмица.

Укинувањето на роамингот во земјите од Западен Балкан со Европската Унија е еден од приоритетите на бугарската влада, како и на бугарската еврокомесарка Марија Габриел.