Влатко Лозаноски изненади со нова песна „Камо тебе да те имам“ – Видео

loading...

На својот официјален Youtube канал Влатко Лозаноски – Лозано, денес по подолг период објави една нова заводлива балада насловена како „Камо тебе да те имам“.

Песната е со брз ритам и во неговиот претпознатлив стил, а дело е на веќе докажаниот тим составен од Лазар Цветкоски – музика и аранжман и Магдалена Цветкоска – Ена која е задолжена за текстот. Она што е изненадување е дека за композицијата е направен текстуален видео запис по теркот на светските ѕвезди, кој освен што е забавен ќе ви овозможи песната полесно да „ви влезе во глава“. Со приказите од анимираните цртани филмови и најголемите видео игри од 90-тите години, по малку не враќа на едно поубаво и носталгично време.

Погледнете и кажете ни како ви се допаѓа:

(Н.Ј)