ВНИМАНИЕ: Од долго гледање на телевизија може да добиете тромбоза

loading...

Луѓето мораат да знаат дека предолгото седење е погубно по здравјето, и што побрзо го сфатите ова толку повеќе ќе си го продолжите својот живот.

Гледањето на серија, една епизода по друга, т.е гледањето телевизија и по неколку часови дневно без престан, може да биде многу опасно за вашето здравје, па докторите апелираат на сите луѓе кои тоа секојдневно го прават дека е крајно време да најдат друго хоби.

Венската тромбоемболија, т.е крвното згрутчување кое најчесто настанува во вените на нозете, е поврзан со долготрајното време поминато во седечка позиција.

Може да дојде и до смрт

Таквото згрутчување може да „патува“ и да влијае на сиркулацијата во белите дробови. Тогаш доаѓа до белодробна емболија, состојба кога згрутчувањето ја спречува плуќата да го зема кислородот кој им е неопходен. Исто така тромбот може да се создаде и во артериите и да оди до можокот, што како последица може да создаде мозочен удар.

И физички активните луѓе можат да се заболат од оваа болест

Неодамнешното истражување во Минесота опфатило голем број на луѓе кои се следени полни 24 години, а она што ги поврзува сите нив е долготрајното гледање на ТВ програми и појава на венска тромбоза.

Водачот на студијата Др. Јасухико Кубот вели дека штетното влијание на долготрајното гледање во ектанот на телевизорот, но и во компјутерот, останува непроменето дури и ако личноста во текот на денот доста се движи, зато што со седењето се успоруваат сите процеси во организмот, крвта не протекува низ крвните садови како што треба и тука доаѓа до големиот проблем.

– Луѓето мораат да знаат дека предолгото седење е погубно по здравјето, и што побрзо го сфатите ова толку повеќе ќе си го продолжите својот живот – вели Кубот.

Препознајте ги симптомите

Пожелно е да знаете да ги препознаете шестте предупредувачки знаци кои упатуваат на создавање на тромб, затоа што тие можат да бидат многу слаби и лесно се игнорираат, па може да се случи кога веќе ќе се одлучите да одите на доктор, да биде веќе касно.

1. Отекување на едниот екстремитет

Потечена нога или рака е еден од најчестите знаци на тромбоза. Крвното згрутчување го блокира нормалниот проток на крвта во нозете, па крвта се насобира околу тромбот, предизвикувајки оток.

Отокот на нозете е лесен за воочување кога долго време мирувате или по летање со авион, но особено внимание обратете на отокот кој се појавува брзо, а особено ако со него се појавува и болка.

2. Краток здив или тркачко срце

Крвното згрутчување во белите дробови го успорува протокот на кислород, а кога нивото на кислород е низок, срцето се обидува тоа да го надохнади тако што ја убрзува својата работа, т.е пулсот. Ако чувствувате треперење во градите и имате проблем со земањето на длабок здив, можно е телото да ви испраќа предупредување дека имате крвно згрутување в белите дробови. Исто така, можеда да почувствувате вртоглавица или да се онесвестите. Побарајте помош од лекар, особено ако овие симптоми се појават изненадно.

3. Болки во градите

Кога ќе се појави болка во градите, поголемиот број на луѓе помислуваат на срцев удар, но тоа всушност може да биде и симптом на белодробна емолија. Двата случаи имаат слични симптоми, но болката кај белодробната емболија е поостра, прободува, и се зголемува со секое длабоко вдишување. Од друга страна, болката која најавува срцев удар често вклучува и болка во рамената, вилицата и вратот. Во боло кој од овие два случаи, обавезно повикајте брза помош!

4. Болка во раката или ногата

Тромбот обично доаѓа заедно со симптомите како што се оток и црвенило, но некогаш тие можат и да изостанат. За жал, колката која е предизвикана од крвно згрутчување лесно се заменува со грчеви во мускулите или истегнување на истите, поради што тоа често не е дијагностицирано и може да предизвика опасни последици.

Болката предизвикана од тромбоза воглавно се јавува додека одите или кога го истегнувате стапалото нагоре. Ако имате грчеви во мускулите кои не можете да ги опишете, а покрај тоа и кожата од тој дел на телото е топла и со друга боја, што е можно поскоро одете на доктор.

5 Црвени линии на кожата

Иако е вистина дека дури и модриците се еден вид на крвно згрутување, тоа не е причина за паника. Модриците ја менуваат бојата, а кај тромбовите тоа обично е само црвена боја, и тоа во вид на линии, на местот каде се наоѓа вената. Исто така, раката или ногата е врела на допир.

6. Необјаснета кашлица

Ако не можете да престанете да кашлате, а во исто време имате и краток здив, висок пулс или болка во градите, можно е да се работи за белодробна емболија.
– Кашлицата е сува, но луѓето понекогаш искашлуваат и крв и слуз – открива Наваро.

Ако се сомневате дека е истиот случај и кај вас, под итно одете на доктор.