Внимавајте: Криминалци лажно се претставуваат како анкетари

Во скопската Општина Карпош или конкретно Карпош 3 и Карпош 4 во изминативе неколку денови интензивно се врши анкета во врска со локалните избори кои следуваат. Анкетата ја вршат навидум нормални анкетари кои доколку побарате уредно да се легитимираат ќе ве замафтаат со обично ливче или само усно ќе се претстават. Анкетарите според неколкумината жители кои не контактираа се машки лица кои темелно испрашуваат за кого ќе гласате на изборите. Но кога ќе мислите дека сте завршиле, следуваат скокотливи прашања.

– Ме прашаа каде работам, што работам и дури се дрзнаа да ми побараат единствен матичен број како би ја комплетирале анкетата – изјавува нашиот соговорник.

Ова се прилично лични податоци за една анкета која ја спроведува анонимно здружение.

На граѓаните на градот Скопје им препорачуваме доколку се соочат со вакви анкетари кои не сакаат да се легитимираат, кои лажно се претставуваат и бараат увид во личните податоци да бидат претпазливи во давањето на информации. Ситуацијата може да биде и деликатна затоа што воопшто не е познато кои се овие луѓе и зошто би им бил потребен вашиот матичен број, не секогаш се пратени од политички партии и секогаш постои веројатност е да се и некои криминогени структури во прашање.

За крај по сопствена проценка можеби е паметно доколку се сомневате во било што да ги пријавите лицата во најблиската полициска станица.