Во недела без струја делови од Центар, во понеделник од Гази баба

прекин во снабдување

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 10:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата „Белградска“ во општина Центар, соопштија од РЦУК.

Во понеделник, пак, без електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел  од бул. „Методија Андонов Ченто“, улиците „Катлановска“, „Неготинска“, „Кожув“, „Трајко Катанчев“, „Спиро Црне„ од Ресторан „Гоце 2000“ до патот за Арачиново, улица „Сава Михајлов“ и улица „Финска“ во општина Гази Баба.