Во недела во Дневник на МРТ ќе се промовира нашата евровизиска песна

loading...

Евровизиската песна „Lost and found“ со која годинава групата ,,Ај Кју’’ ќе ја претстави земјава на 63. издание на Евровизија во Лисабон, Португалија, ќе биде промовирана утре (недела) во Дневник 2 на МРТ во 19:30 часот.

Песната ќе биде промовирана со спот, чиј режисер е Јован Куциновски.

„Lost and found“ беше избрана по пат на конкурс, помеѓу 382 пристигнати песни.

Комисијата која што одлучуваше која ќе биде победничката песна беше во следниот состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска – Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски – одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“.

Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров.

Евровизијата ќе се одржува од 8 до 12 мај.