Во расправија го расекол со нож во грбот и стомакот

Кривична пријава за тешка телесна повреда поднесе полицијата против Н.М. (42) под сомнение дека пред кафеана се скарал со оштетениот М.Х. и го расекол со нож.

Инцидентот се случил на 19 април  пред кафеана во Кривогаштани,  кога започнала вербална расправија помеѓу пријавениот Н.М. и М.Х. По кратко време, пријавениот од неговото патничко возило, кое било паркирано во непосредна близина, извадил нож и му нанел расекотина на раката на М.Х. По ова, М.Х. почнал да бега, а пријавениот тргнал по  него и му нанел повреди во пределот на грбот и стомакот.