Во зависност од датумот на раѓање проверете во каков месец сте родени

loading...

Во зависност од овие податоци, може да откриете повеќе за вас и вашиот карактер.

МЕСЕЦ НА ВОДАТА (02.02 – 21.02) – ОРИГИНАЛНОСТ, ИНТИУЦИЈА


Поседуваат оригиналност и моќ за големи дела. Интелигентни,со голема интуиција, секогаш на чекор пред другите. Им одговара работа каде што може да се тестира нивната способност. Енергијата ја вложуваат во работата и во приватниот живот,што на двете полиња им носи успех на долги патеки.

МЕСЕЦ НА ПРОЛЕТТА (22.02 – 13.03) – КРЕАТИВНОСТ, ОДЛУЧНОСТ


Оригинални се во работа каде што треба да се употреби фантазијата. Храброста им овозможува да донесуваат вистински одлуки во вистинско време. Реални се и не се плашат од она што ги очекува во животот. Знаат што сакаат и како тоа да го добијат. Од блиските премногу очекуваат.

МЕСЕЦ НА ЦВЕЌЕТО (14.03 – 02.04) – КОМУНИКАТИВНОСТ, ДИНАМИЧНОСТ


Имаат моќ на убедување. Активни се, сакаат да работат, да не се досадуваат. И да бидат од корист. Најмногу ги привлекува да го изучуваат човековиот ум.

МЕСЕЦ НА ПОЛЕТО (03.04 – 22.04) – УМЕТНИЧКИ ТАЛЕНТ


Ги привлекува уметноста и сакаат признанија за својата работа. Одлично ги контролираат емоциите и темпераментот, а тоа ги прави ладнокрвни. Злопамтила кои го чекаат својот миг за одмазда.

МЕСЕЦ НА СУШАТА (23.04 – 12.05) – ПРАКТИЧНИ, ИСКРЕНИ


Искрени,а расположението им се познава по изразот на лицето. Реални се, не сакаат лаги. Оптимисти, реализираат позитивна енергија, без оглед како се чувствуваат. Имаат склоност кон уметност,посебно музика и сликање.

МЕСЕЦ НА ХРАНАТА (13.05 – 01.06) – КРЕАТИВНИ, БРЗО УЧАТ


Многу талентирани, знаат како во животот да ја извлечат предноста на своите добри особини. Полни со креативност и ентузијазам, лидери. Имаат одлично памтење. Умеат да останат присебни во стресни ситуации. На се во животот реагираат искрено и со оптимизам.

МЕСЕЦ НА СОЛТА (02.06 – 21.06) – ТАЛЕНТИРАНИ ЗА ЈАЗИЦИ


Имаат потреба да привлекуваат внимание на секој чекор, па склони се на ѓаволесто однесување. Поради тоа погрешно ги проценуваат. Елегантно се изразуваат, би биле одлични писатели.

МЕСЕЦ НА ПЧЕНКАТА (22.06 – 11.07) – ЉУБОПИТНИ, ПОЗИТИВНИ


Љубопитни,итри да дојдат до било каква информација. Со многу љубовни афери. Позитивната енергија им е непресушна,затоа често од нив се бараат совети.

МЕСЕЦ НА ГРМОТЕВИЦИ (12.07 – 31.07) – ПРИЈАТЕЛИ, ДОБРОДУШНИ


Весели и позитивни,пријателствата им се најбитни,скоро секогаш имаат некого за тешки времиња. Сакаат да заведуваат, непрестајно флертуваат.

МЕСЕЦ НА ОГНОТ (01.08 – 20.08) – СИГУРНОСТ, АМБИЦИОЗНОСТ


Дарежливи личности,секогаш бараат љубов и внимание. Самодовербата им помага во остварување на целта. Амбициозни се,не поднесуваат загуби.

МЕСЕЦ НА ЗЕМЈАТА (21.08 – 09.09) – ПЕДАНТНИ, ИНТЕЛЕГЕНТНИ

Реални и практични личности, верни, не е лесно да ги изневериш или излажеш. Преозбилно го сфаќаат патот до совршенството, треба повеќе да се трудат да работат.

МЕСЕЦ НА ВРАЌАЊЕТО НА БОГОВИТЕ (10.09 – 29.09) – СМИСОЛ ЗА ХУМОР


Чувствителни личности кои често се расплакуваат. А имаат смисла за хумор. Љубезни се и итри за да постигнат некоја цел.

МЕСЕЦ НА ПЛАНИНАТА (30.09 – 19.10) – ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ


Со задоволство делат се со други личности. Не се многу физички привлечни, но имаат смисла за хумор. Во чувствителни ситуации реагираат импулсивно, не умеат да ја совладаат лутината.

МЕСЕЦ НА ЛОВОТ (20.10 – 08.11) – САМОДОВЕРБА, ОРИГИНАЛНОСТ


Оригинални личности со духовити одговори. Остроумни, никогаш не се спремни да дадат повеќе од она што е реално. Големи злопамтила.

МЕСЕЦ НА ПЕРДУВИТЕ (09.11 – 28.11) – ОДЛУЧНИ, ИНТЕЛЕКТИ


Овие личности секогаш имаат потреба да ја хранат својата духовност. Донесуваат и најтешки одлуки. Сакаат интелектуална работа за да дојдат до успех. Спремни се да пружат помош,а луѓето ретко, скоро никогаш не им возвраќаат за добрите дела.

МЕСЕЦ НА ДОЖДОТ (29.11 – 18.12) – СПОНТАНОСТ


Тешко им е да се преправаат пред другите. Вредни се,знаат како да ги постигнат своите цели, како да се борат во животот.

МЕСЕЦ НА ЗВЕЗДИТЕ (19.12 – 07.01) – ПРИЛАГОДЛИВИ


Вознемирувањата и стравовите умеат да ги држат под контрола. Својот мир го пренесуваат и на околината. Тешко може да се изнервираат. Практични се и самокритични. Нивното пријателство е безусловно и не поднесуваат превари.

МЕСЕЦ НА РАСТЕЊЕТО (08.01 – 01.02) – ЕФИКАСНОСТ


Уживаат да работат само ако се добро платени,но не се претерано активни. Не сакаат да бидат изневерени. Внимателни се, ретко грешат…