За неа се зборуваше дека му е девојка на Ристе Ристески, но еве ја вистината

Победникот во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески , периодов е актуелен со неговата одлична балада „Добро јутро тајно“, која за кусо време стана омилена на повеќемина.

Пред неколку месеци во медиумите се појавија написи дека Ристе наводно е во врска со својата колешка, пејачката Анастасија Петреска. Но, сега дојде време за вистината да излезе на виделина.

Според некој, машко-женски пријателства не постојат, а пак Ристе и Анастасија на сите им го докажаа спротивното.

Па така, откако го доби свршеничкиот прстен од својот сакан Владимир во Банско, Анастасија се врати од патувањето кое ќе го памети цел живот и замина за Охрид.

Таму се сретна за дружба и добар разговор, со кој ако не со својот добар пријател Ристе.

За да ја покажат дружбата, објавија фотографија на социјалните мрежи и со тоа докажаа дека медиумите некогаш знаат да додадат повеќе од што треба, но и да потврдат дека машко-женските пријателска навистина постојат.