Закерберг со најголема заработка во 2017

Само уште некоја милијарда и ќе биде на врвот на најбогатите луѓе во светот. Основачот на Facebook, Марк Закерберг, остварил најголема заработка годинава.

Според податоците на „Bloomberg“, титулата најбогат човек на светот има големи шанси да ја освои во наредните години. Тој заработил 21,3 милијарда долари, со што неговото вкупно богатство порасна на 73,1 милијарди.

На листата на „Bloomberg“ за најбогати луѓе во светот на прво место се наоѓа Бил Гејтс, основачот на Microsoft, потоа следува Џеф Безос кој за кратко го освои врвот но, потоа падна вредноста на акциите на „Amazon“, трет е сопственикот на „Zara“ Аманчо Ортега, четврти е финансискиот инвеститор Ворен Бафет, а петти е младиот Закерберг.