Запалено возило во Скопје

Ноќеска во 03.45 часот во Единицата за информации и команда Скопје, П.Ѓ. пријавил дека на ул. „Волгоградска“, од засега непознати причини, целосно било опожарено патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here