Запознајте ја најнепознатата грчка плажа со кристално чисти води – Галерија

Ако сте редовен посетител на грчките плажи, веројатно мислите дека ги знаете повеќето од нив. Вистината е дека Грција секогаш има со што да ве изненади.

Една од најубавите непознати плажи е Seitan Limania во Грција, кој според весникот greece10best е и најубавaта се наоѓа на островот Крит, на два километри од градот Хања.

Нејзиното име потекнува од турски и значи Сатана. Ја карактеризира тоа што пристаништата, кои се наоѓаат во близина се проколнати, зашто се многу тешки за достигнување.

Водите на оваа плажа се кристално чисти и ако се наоѓате во близина, не пропуштајте да ја посетите. Многуте карпи околу неа и дивата флора придонесуваат за оваа прекрасна глетка.

Плажата Seitan им е добро позната на жителите од околните населени места, кои прават се да го задржат овој предел недопрен од човечкиот вид.

Клисурата на патот за плажтаа е исто така многу убава. Клисурата се нарекува Диплочачо и дефинитивно вреди да се посети.

 

Најблизу до неа е село Хордаки каде може да уживате во традиционални грчки деликатеси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here