ЗАВЕДЕНИ – Се сеќавате ли на овој култен македонски серијал? (ЦЕЛ ФИЛМ)

Со голема носталгија се присетуваме на култниот македонски серијал од 2001/2002 година изрежиран од Слободан Деспотовски.

Краткиот серијал од четири епизоди, насловен Заведени, го опфаќа животот на една мала група пријатели од Скопје, секој со својот животен пат, а сите патишта магично се испреплетуваат околу кафетеријата на Нана, која е сведок на сите случувања. Беспарицата, криминалот, проституцијата, насилството, дрогата и младите – теми и денес актуелни и по 15 години, го оформуваат безвременскиот карактер на овој краток серијал во четири епизоди.

Кадрите од едно поинакво Скопје, младите и недопрени од политика лица на комплетната актерска екипа (Лазе Манасков, Јелена Жугиќ, Сенко Велинов, Сашка Димитриовска, Бранко Ѓорчев, Зоран Љутков, Дејан Лилиќ, Анастас Тановски, Александар Микиќ, Петре Арсовски, Александра Пешевска, Роберт Велјановски, Силвија Стојановска, Тамер Ибрахим, Ванчо Петрушевски, Суад Рахман, Ердоган Максут, Диме Илијев, Филиз Ахмет, Ценап Самет, Иван Јерциќ, Атила Клинче, Гоце Влахов) ни будат носталгични спомени од едно време кое никогаш повеќе нема да се повтори.

Во прилог комплетниот серијал, уживајте.

(Н.Ј.)