(Фото) Заврши потрагата на Ми-Да Моторс – пронајдена најстарата Ford Fiesta во Македонија

Денес, во салонот на Ми-Да Гранд Моторс Македонија, беше презентирано најстарото возило Ford Fiesta во Македонија во сопственост на скопјанецот Бојан Тодороски.

Изборот на најстарото возило од овој модел, според Дритон Заири, директор на компанијата Ми-Да Гранд Моторс, е дел од необичната кампања „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.

„При оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiestaзасега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“, рече Заири.

Бојан Тодороски, сопственик на најстарото возило Fiesta, ја пренесе својата лична приказна и соживувања со ова необично возило.

„Како љубител на олд тајмери особено сум среќен што „мојата прва љубов“ – возилото со кое учев да возам, ќе доживее разубавување, подмладување и враќање во првобитната состојба, благодарение на тимот на Форд, МиДа Гранд Моторс- изјави 30 годишниот Бојан Тодороски, сопственик, односно наследник на најстарата Фиеста во Македонија која веќе 30 години се наоѓа во семејтвото Тодороски од Скопје“, рече Тодороски.

Потрагата по сопственикот на најстарата Ford Fiesta“ траеше повеќе од еден месец и секој што поседува вакво возило, се пријавуваше на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс со лични податоци (име и презиме), податоци за возилото (година на производство) и фотографија од возилото. Исто така, Ми-Да Гранд Моторс додели симболични награди за сите што учествува во кампањата.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. На сопствениците им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси.