Жените во Шуто Оризари од денеска добиваат гинеколог

Министерството за здравство информира дека од денес  започнува со работа гинекологот во амбулантата во скопската општина Шуто Оризари.

Од министерството соопштија дека во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.

– Конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што решивме долгогодишен проблем и обезбедивме континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од oпштината – рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here