Злосторството кое го шокираше светот: Со денови се трагаше по 8-годишниот Габриел, а пронајден е во багажникот на жената која цело време очајнички го барала

loading...

Исчезнувањето на 8-годишниот Габриел Круз во јужната покраина Алмерија кон крајот на февруари, ја потресе цела Шпанија.

Целата нација трагаше по детето кое одненадеж исчезнало без трага, а 4.000 волонтери секојдневно го пребаруваа теренот во потрага по Габриел.

Лансирана беше и кампања на социјалните мрежи, со хаштаг “#TodosSomosGabriel” или “Сите сме Габриел” и фотографија од сина риба, бидејќи детето го обожувало океанот.

https://www.youtube.com/watch?v=_sZxdBaReHg

Меѓутоа, следи шокантен пресврт во потрагата, кога телото на детето било пронајдено во багажникот на девојката на таткото, Ана Хулија Гехада. Таа, за се да биде помонструозно, цело време била вклучена во потрагата по детето, глумејќи загрижена и ронејќи солзи.

Полицијата го сопрела и претресла нејзиното возило на автопат. Во багажникот на автомобилот го пронашле безживотното тело на детето. Ана Хулија била веднаш уапсена, а тоа го потврди и министерот за внатрешни работи Хуан Игнацио Зоидо.

Министерот Зоидо вчера на својот профил на Твитер објавил дека “владата и сите Шпанци се во шок”. Министерот исто така ја замолил јавноста да ја почитува полициската истрага и да не шири лажни вести за случајот.

Да потсетиме, Габриел последен пат бил виден на 27. февруари, кога излегол од куќата на својата баба во селото Лас Ортичулас во општината Нихар.

Тој требало со пријателите да се врати дома, меѓутоа таму не дошол никогаш.

Таткото на Габриел, Анхел Круз, и неговата сега уапсена девојка Ана Хулија Гехада, по потекло од Доминиканска Република, на 3. март пронашле маица со крвта на детето на 10 километри од Нихар.

Шпанските медиуми објавиле дека полицијата од тогаш ја следела Ана Хулија. Во меѓувреме се дознало и дека имала лош однос со малиот Габриел.

Во петокот мајката на детето, Патриција Рамирез и таткото Анхел изјавиле дека “повеќе од било кога се надеваат дека ќе го пронајдат својот син”. Потрагата е завршена, но за жал трагично.