Apple го откри и точниот датум на пристигање на Iphone XI –

|

Apple официјално потврди: Најголемиот годишен настан ќе се одржи во вторник, на 10 септември во салата Стив Џобс во седиштето на компанијата во Купертино.

Како што се очекуваше, на настанот ќе бидат претставени три нови модели на телефонот iPhone, наследници на iPhone XS, XS Max и XR.

Според претходните најави, новите модели би требало да имаат три камери на задниот дел, што е и најголема промена во однос на претходните модели.

Се очекува предниот сензор да има 120FPS slow-motion поддршка. Од другите додатоци се очекува подобра водоотпорност и подобрена технологија за отпорност од кршење.

Сите три нови модели, како што се очекува, ќе имаат исти резолуции на екранот како и нивните претходници.

Новите iPhone модели нема да имаат поддршка за 5G мрежа, туку тоа се очекува од следната генерација на телефони.