Ако во новчаникот имате банкноти од 20 или 50 евра, повторно погледнете ги парите, еве и зошто

loading...

Бројот на запленети фалсификувани банкноти, воглавно од по 20 и 50 евра, опаднал во првата половина од 2018 година, објави Европската централна банка.

Вкупно од јануари до јуни 2018 година, од оптек се повлечени 301.000 фалсификувани банкноти.

Во првата половина од 2017 повлечени биле 331.000 фалсификувани банкноти, а во втората половина од минатата година 363.000. Банкнотите од по 20 и 50 евра најмногу се фалсификуваат, и учествуваат со 83 отсто во сите фалсификувани евра.

Сепак, „веројатноста во раце да ви стигне фалсификат е навистина минимална“, смета Банката бидејќи во оптек има повеќе од 21 милијарда вистински банкноти, со вкупна вредност поголема од 1.100 милијарди евра.

Како превентива за заштита од земање фалсификат пари поточно за фалисфикат монети кон крајот на 18. век, крадците почнале да ги користат паричките за да собираат парчиња злато и сребро за препродавање. На тој начин, монетите добиваат помала вредност.

Така, аристократите дошле на идеја – тие да се коваат со назабен раб, како заштита од „фалсификатот“ на криминалците. Тоа е и главната причина зошто денеска монетите имаат рапав раб.

Рабовите и денес се „рецкаат“, но тоа е и за да се задржи традицијата.