Аца Лукас стана водител – Познатиот пејач со свое телевизиско шоу, најавува спектакл

ИЗВОРСкопје24
|

Поради здравствената криза која го зафати светот веќе една година, поголемиот дел од балканската естрада е на пауза, бидејќи не е дозволено организирање на концерти и настапи во живо, па поради тоа мораа да се снаоѓаат со работа во некоја друга професија.

Некои од нив започнаа свој бизнис, или отворија угостителски објекти, а според последните информации и за фолк sвездата Аца Лукас изгледа дека нема зима.

По албумот „Приспивна за сериозни бебиња“ со кој направи бум, тој ќе се претстави во комплетно ново издание како автор и водител на ТВ емисијата „Недела со Лукас“.

Сопствено забавно-музичко ток-шоу, во кое фолкерот ќе го видите во улога на водител што е сосема ново за него. Во живо со Лукас, пејачот ќе го видиме во поинакво светло од вообичаен.

Аца најави спектакл, емисија која ја чека целиот регион, шоу какво што досега гледачите не виделе, а ќе имаат можност да го гледаат секоја недела од 19 и 45 часот само на телевизија Хајп!

Лукас, како што самиот изјавил, решил да ја реализира оваа идеја, која му се мотала низ главата речиси една година.