Возач на ЈСП пријавил физички напад на работното место.
„Денеска (27.04.2023) во 06.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(47) од Скопје пријавил дека околу 04 часот, додека управувал автобус на ЈСП од населба Радишани кон населба Бутел, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, обајви МВР во дневниот билтен.
Полицијата исто така информираше за два одделни случаи на напади врз ученици во средни училишта во Скопје што се случиле во текот на вчерашниот ден.
Добивај вести на вибер
Мајка пријавила дека пред влез од средно училиште на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.С.(18) од Скопје.
Во вториот случај, 19-годишен скопјанец со иницијали Х.К. пријавил дека во училишен двор од средно училиште на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неколку други ученици.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.