Дваесетгодишно момче прегази скопјанец и побегна – 18 години затвор за Никола кој прегази 11 годишно девојче во Велес

|

На 16.03.2023 во 10.05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Бранислав Нушиќ“ патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (20) од Скопје удрило во пешакот Л.Ц.(80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Исто така денеска е донесена пресудата за 30 годишниот возач кој прегази малолетно, 11 годишно девојче на пешачки премин во Велес, при што сериозно ја повреди и нејзината мајка.

Вкупно 18 години затвор му беа пресудени на велешанецот Ангелчо Николов кој под дејство на алкохол во декември со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11 годишната Магдалена почина.

Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години, соопшти Судскиот совет денска на судењето во Велес.

Обвинетиот доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години, без да се земе предвид времето поминато во затвор, како и да ги плати трошоците на постапката.


Поврзани објави