Две години по разводот со Анџелина Џоли, Бред Пит повторно на насловна страна

ИЗВОРскопје24
|

Новите фотографии кои ги направи Бред Пит за насловната на магазинот GQ предизвка бурни реакции во јавноста особено кај женскиот дел од публиката.

Славниот актер не бил на насловна страна откако се разведе од Анџелина Џоли, односно од 2017 година.

Овој пат актерот се фотографираше на мотор, во сафари џип, покрај базен, додека игра тенис. Во ретро издание и на зрели години покажа дека со право со години го носи епитетот на најсекси маж.

Едена од обожавателките јавно го праша актерот, „Кога ќе престанам да се палам на тебе и зошто никогаш?!“.

„Имам поминато во животот речиси сè. Пораснав како христијанин. Секогаш го преиспитував поимот на верата. Се обидов со неколку духовни работи, но едноставно не се чувствував добро. Тогаш решив да станам атеист. Сакав да станам бунтовник, но не станав ни тоа. Потоа работите си дојдоа на свое место. Сфатив дека почнувам да ја враќам вербата. Го мразам зборот духовност. Едноставно верувам дека сите сме поврзани“, изјавил познатиот актер.

За потсетување актерите Бред Пит и Џенифер Анистон се запознале во 1998 година, а се венчале две години подоцна. Свеченоста се случи во Малибу на 29. јули 2000 година. Двојката се осигура церемонијата да остане приватна. Имала ангажирано стотици лица од обезбедување, со цел да спречат какви било упади на папараци.

Во медиумите е објавена само една фотографија од венчавката. Иако бракот неколку години беше сметан за еден од ретките успешни во Холивуд, сепак по некое време почнаа да кружат гласини за брачните проблеми. Бред и Анистон на 7. јануари 2005 година најавија дека се разделуваат.

По пет години брак, Бред ја остави Анистон, за Анџелина Џоли. Како што се ближел крајот на нивниот брак, така Бред и Џоли станаа дел од најголемиот холивудски скандал во кој Џоли е наведена како неговата друга жена и поради појавата на меѓусебната хемија во текот на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.