Домашен и традиционален вкус: Ваниличките на баба

ИЗВОРскопје24
|

Приготвувањето на овие ванилички ќе ви одземе само 30 минути, а вкусот ќе ве врати во детството

Состојки:
За тестото:

250 г брашно, 125 г маст, 3 рамни лажици милерам, 1 жолчка, 60 г шеќер во прав, 1 лажица лимонов сок, рендана кора од 1 лимон.

Друго:

300 г џем
50 г шеќер во прав

1. Се мати пенесто маста со шеќерот во прав и со жолчката.

2. Се додаваат милерамот, сокот и ренданата кора од лимон. Потоа постепено се додава брашното и се меси со рака додека се добие мазно тесто.

3. Измесеното тесто се става во проѕирна фолија и се остава да отстои 30 минути во фрижидер.

4. Потоа тестото се става на набрашнета работна масичка. Се сучи со сукало во дебелина од 5 мм, па со калап во облик на цвет се обликуваат ванилички.

5. Се редат во плех обложен со хартија за печење, па од средишниот дел на половина од ваниличките се издлабува малечок круг. Се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 15 минути.

6. На половината ванилички што не се издлабени, во средината се става по едно лажиче џем и се преклопуваат со издлабените ванилички. На крајот се посипуваат со шеќер во прав и се ставаат во метален сад со капак.

Во продолжение ви предлагаме  да приготвите и полнети солени палачинки.


За припрема на овој рецепт не ви е потребно многу време, но ни пари. Полнетите солени палачинки се многу вкусни, а еве како да ги припремите.
За подготовка на тестото е потребно:
300 мл. млеко, 2 јајца, 100 гр. брашно, масло за пржење, малку сол.

За фил
100 гр. сирење, 100 гр. шунка, 1 лажичка павлака

За прелив
1 јајце, 1 лажичка кисела павлака, малку млеко, малку кашкавал
Начин на подготовка:

1. Изматете ги јајцата, додадете малку сол, млекото, брашното и малку масло и потоа добро промешајте. Пржете ги палачинките во тефлонска тава.

2. Во сад, измешајте го сирењето, шунката и павлаката.

3. Со вака подготвениот фил наполнете ги палачинките, свиткајте ги и наредете ги во тепсија, претходно премачкана со масло или обложена со хартија.

4. Изматете го јајцето со павлаката и млекото и прелијте ги палачинките, а врз нив наредете малку рендан кашкавал.

5. Печете на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, додека палачинките не добијат златножолта боја.