Загина поранешен натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“

|

Пејачот Немања Вуковиќ, поранешен натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ загинал синоќа во сообраќајна несреќа, објави „Блиц“.

Според извор од местото на настанот, пејачот најпрвин доживеал сообраќајна незгода и излегол од автомобилот свесен.

Сведок на незгодата му пришол да му помогне, го прашал дали е добро, на што Вуковиќ одговорил дека е и почнал да бега. Во тој момент на него налетал автобус.

– Немања додека возел имал сообраќајна несреќа и најверојатно поради дефект на автомобилот пејачот изгубил контрола и удрил во банкината. Зад него имало две возила и тие се судриле. Тој судар не е директно поврзан со несреќата на Немања. Младиот пејач излегол од автомобилот за да види што се случило, а преку патот на другата лента на автопатот бил полицаец кој му рекол да остане со своето возило додека не ја провери состојбата на возачите во другите две возила, кои се судриле само неколку моменти подоцна – вели извор близок до истрагата.

– Пејачот во следниот момент, не слушајќи што му кажува полицаецот, од непознати причини се обидел да го премине автопатот кога на него налетал автобус и го усмртил на лице место – изјавил изворот за „Телеграф“ и додал:

– Останатите двајца возачи се сослушани во станица, а против еден од нив, кој е државјанин на Украина, ќе биде поднесена кривична пријава – додава изворот.

Инаку, за страшната несреќа е известено и надлежното обвинителство, по што е наредена обдукција на телото и сите други дополнителни вештачења кои ќе помогнат во истрагата.

Инаку, пејачот Немања Вуковиќ (22) се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната 2018/2019, каде жирито го пофали неговиот глас, но и неговиот стас.