Утре во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот, соопшти УХМР.
Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок.
И метеорологот Славчо Попоски излезе со слична прогноза:
Тој најави дека температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и на БРЗ пораст и веќе од вторник па натаму истите речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека од средината на седмицата во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 40 степени, со што повторно ќе бидеме под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.