Кој е македонскиот газда кој ги почести со одмор во Турција своите 126 вработени?

ИЗВОРСкопје24
|

Веројатно големината на некои богати луѓе е и во дарежливоста, помагањето и безрезервната поддршка. Да, парите се олеснително сретство за живот, викаат кај што не буши бургија, бушат пари, ама кога некој знае како со нив, посебно за да израдува некого… е тоа е веќе нешто. Во овој случај, не се работи за радост на еден, туку на 126!

Ретко се случува да се појави газда на фирма, кој за вработените ќе се грижи како за семејство, бидејќи секојдневно во медиумите се информираме за работници кои се навикнати да им доцни плата, да им се зема „К-15“, па и помошта од државата за време на кризата одредени фирми си ја присвоија.

Газда кој отскокнува од овој список е бизнисменот Новко Плаќаноски, стружанец со бизнис во Охрид. Таму му е фирмата, кафулето и ресторанот. Летната сезона е на самиот крај, но двата негови угостителски објекти се затворени – вработените се на одмор. Тој досега неколкупати неговите вработени ги частел одмор, но најинтересно е сега, во услови на криза кога на газдите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“, вработените со чартер лет ги испрати на одмор во Анталија, Турција.

Да да! Токму тој на своите 126 вработени им уплати ултра ол-инклузив аранжман во Турција!!!

Претходно, вработените во неговите фирми летувале и во туристичките центри низ поранешните југословенски простори, како и Бугарија.

Плаќаноски, кој потекнувал од сиромашно семејство, повеќепати бил дарежлив кон своите вработени и им излегувал во пресрет, како што велат, и во добро и во лошо. Името на бизнисменот се споменува во локалните медиуми и во својство на донатор при изградбата на црквата посветена на светите Кузман и Дамјан, во село Враништа.

Компанијата на Плаќаноски, НО.МА. Метал , која се заминава со производство на метални производи во 2018 остварила приход од 21,7 милиони евра и профит од 327.000 евра. Во Топ-10 најприходни фирми во Охрид е уште една металска компанија, а тоа е П.Н. Метал во која ко-сопственик е повторно Плаќаноски, со производство на печки и горилници, а остварила приход од 8 милиони евра и добивка од 970.000 евра.

Извор: Женски магазин