Мерил Стрип го продава станот во Њујорк за 18 милиони долари

ИЗВОРскопје24
|

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип (70) е подготвена за нови промени и овој пат таа одлучи да го продаде луксузниот пентхаус во Њујорк по цена од 18.25 милиони долари.

Нејзиниот стан првпат на пазарот се најде во август минатата година и првата цена изнесуваше 24.6 милиони долари. Неколку месеци после тоа, актерката ја симна на 19,75 милиони, но и тогаш не успеа да го продаде. Станот неколку месеци беше повлечен од продажба.

Филмската актерка Мерил Стрип објавила дека сака да го продаде својот пентхаус во Њујорк по цена од милиони долари. Стрип сака промени во животот.

Таа се обидела да го продаде станот уште минатата година за цена од 25 милиони долари, но поради ви цена не успала да пронајде купец.

Пентхаусот се простира на цел еден спрат во „River Lofts“ зградата која се наоѓа во модерната њујоршка област Трибек. Станот е со површина од 400 метри квадратни и нуди неверојатен панорамски поглед на светскиот трговски центар и Крајслер и Емпајр зградата од другата страна.

„Станот има неверојатен поглед кон Њујорк. Има четири спални соби, пет бањи, просторија за велосипе фитнес-сала, градина и гаража. До него се доаѓа низ елегантно уредено претсобје, а лифот е со клуч“, вели Стрип.

Станот има големи дневни соби, четири спални соби, пет тоалети, соба за вежбање и огромна тераса која пружа поглед на целиот град, но и личи на зелена мала оаза во срцето на бетонската џунгла.

Актерката признала дека изнајмила познат архитект, за кој вели дека е еден од најдобрите во Њујорк, за досреди станот. Стрип целиот стан го преуредила во италијански стил.