Групацијата на мелничко-пекарската индустрија донесе одлука од утре да прекине со штрајкот и да почне да произведува и да доставува бел и полубел леб по замрзната цена од 33 денари. Од друга страна, битката против владината одлука, како што соопшти претседателот на Групацијата Горан Малишиќ, ќе ја водат на суд.
„Пекарската индустрија е жртва на безумието и одлуките што се носат на штета на пекарската индустрија. Одлуките што Владата ги донесе прават огромни штети и загуби на индустријата на месечно ниво кои се во износ од над 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби, пекарската индустрија е принудена да се приспособи и да ги намали цените за одредени видови леб, но и да го намали бројот на вработени за да опстане во иднина“, рече Малишиќ.
Тој рече и дека Владата нема чувство за новонастаната ситуација и притоа е „свесна дека со ваквите популистички мерки уништува стратегиска индустрија“.
„Доколку оваа одлука помине сега во делот на производството на леб, тогаш истото ќе се случи и со остатокот на прехранбената индустрија, за што веќе сведочат и денешните изјави на премиерот дека се планира замрзнување на цените на производите и на други производи“, изјави тој по денешниот состанок на членовите на Групацијата откако Владата донесе одлука со која ги обврза трговците и производителите на леб да обезбедат леб по замрзната цена.
Малишиќ објави и дека ќе ја тужат Владата „бидејќи владините одлуки се незаконски и неуставни“.
„Спротивно на одлуката се потврдува со записниците од инспекторатите дека од 1 декември па сè до крајот на февруари се почитуваат сите мерки и претходните одлуки што Владата ги донела. По ова основа, пекарската индустрија здружено ќе започне правна постапка со цел наплата на штетата, односно загубата што Владата ѝ ја нанесе на индустријата со носењето на одлуките. Штетата до 31 мај ќе изнесува над 4,5 милиони евра. Битката за заштита на индустријата ќе продолжи на правна основа“, рече Малишиќ.
Тој нагласи дека од утре ќе има леб од 33 денари и дека ќе ја почитуваат владината одлука и уште еднаш повтори дека правно ќе ја водат битката за надомест на штетата која им се нанесува.
„Пекарите донесоа одлука од утре да почнат со производство и испорака на одредени видови на леб, бел и полубел, зависно според можностите на секоја пекарница за да може да им се излезе во пресрет на потрошувачите, но и да се опстане во периодов на погрешни одлуки што ги нанесува Владата. Во следната недела ќе почнеме интензивни консултации за правна постапка“, додаде тој.
На прашањето колку чини еден леб, Малишиќ немаше конкретен одговор.
„Секоја компанија си има свои пресметки во зависност од големината, од вработените. Никој не може да тврди колку чини еден леб. Ако е така, сите ќе отворат пекарници и ќе мислат дека има профит. Тоа компаниите може да ви кажат, има вработени по 200, 300, 400… прават разни лебови, лебовите не чинат исто ако се бел или полубел, квалитетот е различен, пакувањата се различни, дистрибуцијата е различна, резервите се различни. Значи нема одговор на таквото прашање“, посочи тој.
ГОРАН МАЛИШИЌ
ЛЕБ ПО 33 ДЕНАРИ
ПЕКАРСКА ИНДУСТРИЈА
Facebook
Email
ПОЧЕТНА
РЕДАКЦИЈА
МАРКЕТИНГ
КОНТАКТ
Следи нè
Facebook
Youtube
НОВА ТВ 2022
Back to top
Пребарување за:
Внеси го текстот и притисни Enter …
Пребарување за:
Внеси го текстот и притисни Enter …
ДОМА
РЕГИОН
СВЕТ
ЕУ – НАТО
ЕКОНОМИЈА
ЗДРАВСТВО
СКОПЈЕ
ИНТЕРВЈУ
КОЛУМНА
КУЛТУРА
СПОРТ
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Почетна
Редакција
Маркетинг
Контакт
Facebook
Youtube
notification icon