Откако Цеца Ражнатовиќ дојде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ гледаноста на шоуто се зголеми за рекордна бројка – ова се точните бројки

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Цеца Ражњатовиќ откако дојде во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ донесе многу поголема публика за самото шоу. Нејзиното доаѓање ќе се задржи до три години, а колегата Ѓорѓе Давид ја соопшти бројката, колку рејтингот на самото шоу се покачил откако Цеца е дел од ова жири.

„Цеца донесе некоја друга димензија на шоуто. Брзо дознавме колку е резулатот на тоа. Гледаноста се качи за 48% откако дојде Цеца“ изјави Ѓорѓе и додаде:

„Сите наши сомнежи паднаа во вода. Таа во втората емисија веќе започна да не „шие“. Цеца е голема ѕвезда, ти можеш да ја слушаш нејзината музика, но таа има и фантастично однесување“.

Ѓорѓе Давид откри дека Ражнатовиќ реагира на кавгите во жирито онака како што треба.

„Јас и Марија се трудиме да распалиме, но таа се брани, но мислам дека ќе попушти. Предрасудите се најлоша работа која може да му се случи на човекот“ изјави Ѓорѓе Давид за „Ред зоне“.