|
Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, нивото на Охридското Езеро е на кота 693,42 метри надморска висина, што е за 23 сантиметри пониско од просекот за мај – 693,65 м.н.в..
Нивото на Охридското Езеро е под просекот подолг период, што се должи на сушната зима и лошата хидролошката состојба.
Во многу полоша кондиција е Преспанското Езеро кое е речиси два метра под нивото вообичаено за овој период од годината, додека нивото на Дојранското Езеро е речиси два метри повисоко од просекот, информира УХМР.