10 причини зошто е подобро да се венчате во 30-тите, а не во 20-тите години од животот

ИЗВОРскопје24
|

Доколку сте во вашите 20-ти, сигурно барем еднаш ве прашале кога планирате да стапите во брак. Но вие можеби не сe чувствувате подготвено, го немате најдено вистинскиот партнер или едноставно сакате да ѝ се посветите на кариерата.

Иако нема ништо лошо во тоа да стапите во брак во вашите 20-ти, постојат неколку причини зошто е подобро да ја одложите венчавката до 30-тите години од вашиот живот.

Вашите 20-ти се „себичен“ период
Додека сте во 20-тите години од животот, вие сè уште се дефинирате како личност. Кога ќе наполните 30, веројатно ќе знаете кои сте и што можете да понудите во бракот. На оваа возраст многу полесно ќе ги споделувате искуствата со партнерот.

Во 30-тите комуницирате многу подобро
Во 30-тите нема да се расправате за секакви ситници и секогаш ќе барате решение со партнерот.

Знаете што сакате
Мала е веројатноста дека во 30-тите ќе си го трошите времето со личност со којашто знаете дека немате иднина. Партнерот што ќе го одберете во 30-тите ќе биде личност со која сте сигурни дека ве очекува успешна врска.

Вашата самодоверба е многу поголема
Во вашите 30-ти ќе знаете како да го покажете најдоброто од себе. Ова, пак, ќе го направи бракот многу подобар.

Најверојатно знаете како да управувате со вашите финансии
Парите можат да бидат голем проблем во бракот, а неретко луѓето се разведуваат токму поради финансиски проблеми. Сигурно не сакате да се расправате за пари додека сè уште учите како се справувате со нив. До 30-тата година веќе ќе ја знаете нивната важност и ќе носите подобри финансиски одлуки.

Кариерата ви е стабилна
Кога вашата кариера е стабилна, тогаш ќе имате време и енергија да им се посветувате на врските со саканите и со сопругот.

Сте живееле сами барем еднаш
Доколку сте чекале да стапите во брак до вашите 30-ти, тогаш сигурно сте имале време добро да се запознаете. Сте научиле како да се грижите за себе, како да бидете одговорна личност и сега сте подготвени да го делите животот со некој друг.

Сте го пронашле вашиот глас
Најчесто луѓето во 20-тите се под притисок од семејството, пријателите и општеството. Но кога ќе стигнете до 30-тата година, вие ќе бидете доволно силни да истапите за себе. Ова, пак, ќе ви помогне да го најдете партнерот којшто е совршен за вас.