3.500 чекори до дното, а изграден е пред 1.200 години: Ова е најдлабокиот бунар на светот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Овие фотографии веројатно веќе сте ги виделе а да не сте знаеле каде се направени ниту што се наоѓа на нив…


Ченд Баори е најдлабокиот бунар во светот до кој водат скали и може да се достигне без оглед на времето од годината затоа што начинот на кој е дизајниран е секогаш полн со вода. Ова е исто така класична архитектура од 8. и 9. век, која е препознатлива за хиндускиот свет.
Бунарот со 3.500 скали, кој се спушта ан длабочина од 35 метри, се наоѓа во Раџастан, селото Абахари,а е изграден пред околу 1.200 години. Опкружен е со мрежа на скали од три страни, додека на четвртата е комплекс од кралските резиденции и сцени со раскошно украсени скулптури и орнаменти.

Ѕидовите и скалите се направени од темен вулкански камен, кој го спречува истекувањето на водата, па за време на монсунските дождови бунарот се полни скоро до врв.

Некогаш Чанд Баори имал вистинска функција на бунар, а денес водата во него не е за пиење. Сепак, оваа градба станала позната туристичка атракција, но и омилено место за собирање на локалното население.