„Златна бубамара на популарноста“ помина без Сашко Коцев – Тој откри која е причината

|

26-тото издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ се одржа вчера во спортската сала Борис Трајковски, но на жалење на многумина таа помина брз миленикот на публиката, актерот Сашко Коцев.

По 17 години поминати како домаќин на манифестацијата, Сашко годинава не беше дел од случувањето кои речиси речиси сите најмногу го поврзуваат токму со неговите стенд ап шеги.

Иако минатата година тој на шега најави дека тоа е неговата последна бубамара, сепак на крајот откри дека тоа не е вистина, но по се изгледа шегата се оствари, па тој оваа година навистина не се појави.

Наговите заменици, Тино и Атанас или како што тој ги нарекуваше, заменските водители, станаа главни.

Манифестацијата со ред награди, говор, музика… си течеше како и секогаш, само Сашко го немаше.

Иако веднаш почнаа шпекулациите за причините за неговото непојавување, Сашко лично, јавно се огласи и ја откри причината зошто не беше дел од „Златна бубамара“.

– Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот“, изјави за „Слободен печат“ Сашко веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите.

За потсетување, Сашко Коцев за првпат како водител на „Златна бубамара“ се појави во 2006 година, а дојде на местото на Тони Михајловски. Дали Сашко како и Тони станува екс-водител или тоа ќе биде случај само годинава, останува да видиме…