4 најсрамежливи знаци во Зодијакот: Тие се нежни, тивки и ранливи, но сакаат повеќе од било кој друг

ИЗВОРСкопје24
|

Водените и земјени хороскопски знаци се често посрамежливи од огнените и воздушни знаци. Тие се поинтровертни, потешко се отвораат и избегнуваат да ги покажуваат своите емоции.

Склони се најпрвин детално да ја проценат личноста, па дури потоа да се впуштат во отворена комуникација. Астролозите издвојуваат 4 најсрамежливи знаци на Зодијакот, а тоа се следните:

Рак

Тие се негуватели по својата природа, па секогаш се трудат луѓето околу нив да се чувствуваат удобно и згрижено. Овие внимателни слушатели многу повеќе сакаат да се грижат за потребите на другите, отколку да зборуваат за своите чувства.

Поради тоа често делуваат на срамежливи и затворени. Симболот на овој знак во хороскопот е претставен со оклоп на рак кој би требало да го штити нивното чувствително срце.

На овој воден знак му е потребно многу време и трпение пред да се почувствува доволно сигурен за да ги покаже своите емоции и вистинското лице.

Шкорпија

Шкорпиите често делуваат мистериозно и таинствено, а тоа понекогаш делува и по малку застрашувачки. И покрај тоа што нивната појава секогаш оддава чувство на моќ, тие се всушност многу тивки и срамежливи.

Претставени се со симболот на отровна шкорпија која внесува интензитет во нивната емоционална енергија, но нејзиниот тврд оклоп ги штити длабоките чувства на овој знак.

Шкорпиите се чувствителни, па пред да дозволат некој да „влезе“ во нивниот живот, тие прават проценка за да ја заштитат својата ранливост.

Јарец

Јарците се познати по тоа што се порезервирани и посериозни од другите припадници на Зодијакот. Поради тоа често оставаат впечаток на срамежливи личности.

Но, не е дека Јарците се плашат да кажат што мислат и чувствуваат: тие едноставно немаат желба да зборуваат за она што сметаат дека не треба да го кажат.

Овој земјен знак е прагматичен до срж, па својата енергија ја вложува во одржување на квалитетни контакти во кругот на блиските луѓе и ретко прв започнува разговор со некој кој е нов во друштво.

Риби

Нежните Риби се длабоко чувствителни и поврзани со своите емоции. Тие се ранливи, па често ги набљудуваат луѓето од друг агол додека не ги запознаат.

Повеќе се ослонуваат на својата интуиција отколку на комуникацијата. Често може да им биде тешко да ги откријат своите чувства на нови луѓе во животот, а доколку се одлучат на нешто такво, тоа го прават преку уметност – поезија, музика и сликање.