5 нови слободни позиции во KOSTAL

ИЗВОРСкопје24
|

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, VW, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс-Ројс.

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика, велат од тимот.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од: Инженер на тренинг (Engineer on Training) (линк за повеќе детали и аплицирање), САП Специјалист за производствени процеси (линк за повеќе детали и аплицирање), Планер на продажба во сектор за логистика (линк за повеќе детали и аплицирање), Контролор за Продажби (Sales controller) (линк за повеќе детали и аплицирање).