60 ЦМ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА – ИДЕАЛНО ЗА СКИЕЊЕ! ПОНАТАМУ МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ, ЌЕ ИМА МНОГУ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ

|

Снежната покривка на скијачкиот центар Попова Шапка денес изнесува 60 цм. Со оглед на тоа дека и понатаму ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, на овој скијачки центар снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми (за над 20 цм).

Снежната граница доцна попладнево и во текот на ноќта ќе се спушти на околу 1000 м.н.в. Не се исклучува можноста истата локално да се спушти и под 1000 метери, особено на запад и север од Македонија. Снежната покривка ќе се зголемува и на останатите планински места во Македонија, особено на западот од истата.

Локално во следниот период повторно се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2).

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5, додека максималните дневни исто така ќе бидат релатино ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во крајните југоисточи предели од нашата држава.

Ветерот ќе го имаме и ќе биде со слаб до умерен интензитет и претежно од источен и од југоисточен правец. Повремено до крајот на денешниот ден и тоа Долж Повардарието истиот ќе повремено ЗАСИЛЕН на интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!