9 дестинации каде да одите на евтин одмор во 2020 година

ИЗВОРскопје24
|

Сончев Брег, Бугарија

Сместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.

Мармарис, Турција

Мармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.

Токио, Јапонија

Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.

Алгарве, Португалија

Нема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.

Коста дел Сол, Шпанија

Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.

Кејптаун, Јужна Африка

Јужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако имате храброст, резервирајте нуркање во кафез.

Хои Ан, Виетнам

Хои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.

Бали, Индонезија

Во Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Имате и можност да нуркате бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.

Прага, Чешка

Ставете ја Прага на списокот за патувања. Позната по своите раздвижени празнични пазари.  Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.